Утрински Весник
Спорт

Роналдо со нов рекорд го одведе Јуве на „пола чекор“ до Скудетото

Роналдо со нов рекорд го одведе Јуве на „пола чекор“ до Скудетото

Дербито на 34-то коло во италијанската Серија А меѓу домашниот Јувентус и гостинот од Рим, Лацио му припадна на актуелниот шампион. По 90 минути игра на семафорот стоеше 2-0 во полза на „Старата дама“.

Во првото полувреме се играше рамноправно, двата тима имаа по една погодена статива.

Најпрво Алекс Сандро (Јувентус) во 11 минута со глава биеше во стативата, а подоцна од мечот, во 44 минута Имобиле (Лацио) погоди во левата статива.

Почетниот резултат остана по првото полувреме.

На стартот на вториот дел Јуве го отвори резултатот. Во 48 минута Бастос играше со рака во својот шеснаесетник, а судијата Орсато по ВАР асистенција покажа на белата точка.

Кристијано Роналдо е непогрешлив за 1-0.

Не поминаа ниту цели 3 минути, а Португалецот по вторпат се запишува во листата на стрелците, 2-0 за Јувентус.
Дибала асистира, а Роналдо само ја смести топката во празната мрежа.

Со ова Роналдо запиша уште еден неверојатен рекорд. Со голот од пенал во 51. минута тој го постигна својот 50. погодок во Серија А, со што стана прв фудбалер во историјата што постигнал толку погодоци во три од петте најсилни европски лиги (Премиерлига, Ла Лига и Серија А).

До крајот на мечот Лацио доби можност да се врати во игра во 82 минута. Бонучи реагираше преостро во својот казнет простор, и Лацио доби пенал.

Сигурен реализатор Имобиле за 2-1.

До крајот на мечот „небесносините“ немаа сила за да стигнат до бод на овој меч.

Со победата Јувентус речиси сигурно ќе ја одбрани шампионската титула во Италија. На 4 кол до крајот има предност од 8 бода зад второпласираниот Интер.

Лацио останува на четвртата позиција, со -2 бода за третопласираната Аталанта.

> Роналдо со нов рекорд го одведе Јуве на „пола чекор“ до Скудетото <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување

Најдобрата фотографија од Олимписките игри изгледа како фотошоп