Утрински Весник
Спорт

„Волците“ го потиснаа Тотенхем и се во пол-позиција за ЛЕ

„Волците“ го потиснаа Тотенхем и се во пол-позиција за ЛЕ
Dik 300x250 mk

Екипата на Вулверхемптон вечерва дојде до значајна победа со 2-0 во 37 коло од Премиерлигата. На домашен терен „волците“ триумфираа против Кристал Палас и на тој начин се искачија на шестата позиција на табелата која води во квалификациите за Лиг Европа. Претходно, на таа позиција беше Тотенхем на Мурињо.

Првиот гол беше дело на Поденса во 41 минута, а погодокот за 2-0 и три важни бода го постигна Џони во 68 минута.

Во последното коло Вулфси имаат тешко гостување кај Челси, а Палас кои се без посебен императив на домашен терен играат токму со Тотенхем.

> „Волците“ го потиснаа Тотенхем и се во пол-позиција за ЛЕ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја