Утрински Весник
Македонија

Милошоски по 21 ден во болница пуштен дома: Уште едно сериозно животно премрежје е надминато

По 21 ден лекување на инфективната клиника, пратеникот Антонио Милошоски е пуштен на домашно лекување. Тој на Фејсбук профил објави дека после 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид-19 е повторно дома.

„Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато“, напиша Милошоски заблагодарувајќи му се на медицинскиот персонал во болницата за грижат за секој од пациентите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

400 извидници од цела држава го одбележаа Денот на извидниците во Кичево

Сообраќајна несреќа пред Веро Џамбо во Скопје

Насилна ноќ во Скопје: Пијан возач нападна полицаец, обид за прегазување на дете и серија тепачки низ градот