Утрински Весник
Македонија

Извршниот комитет го овласти Мицкоски да преговара за составување влада

Извршниот комитет го овласти Мицкоски да преговара за составување влада

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа својата редовна седница на Извршниот Комитет прва по одржувањето на предвремените парламентарни избори. На седницата се дискутираше за актуелната општествено политичка состојба и последните избори кои се реализираа.

Извршниот Комитет заклучи дека изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на СДСМ.Воедно ВМРО-ДПМНЕ забележува и на бројните недостатоци на денот на изборите срочени во приговорите до Државната изборна комисија кои беа одбиени, а кои ќе се преточат во тужбено барање до Управниот суд, соопшти партијата.

„Во едни вакви околности ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од народот во најголем број на општини, и воедно издејствува поголем број на мандати споредено со партијата СДСМ без коалицијата со БЕСА.
Воедно Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде насока да се изготви темелна анализа за резултатите од изборите за која подоцна ќе се дискутира на органите и телата на партијата.

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти претседателот Христијан Мицкоски да продолжи со разговори во обидот за составување на ново парламентарно мнозинство.ВМРО-ДПМНЕ смета дека загрижува економската криза во државата која секој ден е се полоша и за која треба активни мерки кои истата да се надмине“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мециновиќ порача дека назначувањето на Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница

Коста Костадинов стапна на „лудиот камен“

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година