Утрински Весник
Свет

Велика Британија нарачала 90 милиони дози вакцини против Ковид-19

Вакцината на Оксфорд е една од водечките во трката за заштита од коронавирусот

Велика Британија одлучила да купи 90 милиони дози вакцини против Ковид-19, коишто ги развиваат големите фармацевтски фабрики со седишта во Франција, Германија и САД, соопшти владата.

Нарачани се 60 милиони дози вакцини од француската Валнева и 30 милиони вакцини БНТ162 од заедничката програма на германскиот BioNTech и американскиот Pfizeram, објави ДПА. Договорот со Валнева вклучува можност за купување на 40 милиони дополнителни дози „доколку вакцината се покаже како безбедна, ефективна и удобна“, соопшти владата.

Велика Британија веќе резервираше 100 милиони дози вакцина од универзитетот Оксфорд, која ја развива AstraZeneca, која е една од десетина кандидати за вакцината ширум светот.

Резервирањето на различни видови вакцини „ќе обезбеди дека Велика Британија има најдобра можност да обезбеди вакцина што ги штити оние со поголем ризик“, рече британскиот државен секретар за бизнис, Алок Шарма.

Томас Лингелбах, извршен директор на Валнева, рече дека неговата компанија е „пресреќна што е избрана за да учествува во оваа важна програма со владата на Велика Британија“.Валнева вели дека планира да ја произведе вакцината во фабрика во Шкотска и очекува британската влада да придонесе за трошоците на клиничките студии.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По израелски напад во Појасот Газа загинаа двајца новинари на Ал Џезира

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Венеција од утре го ограничува бројот на луѓе во туристичките групи на максимум 25