Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд

Комисија за следење на изборни нерегуларности: До 17 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера

ВМРО – ДПМНЕ останува на барањето за физичко пребројување на гласовите од сите 3.480 избирачки места и најави дека ќе поднесе тужби до Управниот суд.

„ВМРО-ДПМНЕ смета дека со одлуката на Државната изборна комисија да ги одбие поднесените приговорите и да издаде решение со таква одлука го наштети изборниот резултат постигнат на предвремените парламентарни избори и со тоа нанесе штета на севкупниот изборен процес, но и врз угледот на Република Македонија. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужби до Управниот суд по решенијата од ДИК“, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ, велат од таму, поднесе два приговори до ДИК во однос на барање на физичко пребројување на гласачките ливчиња од сите 3.480 избирачки места во државата, заради утврдување на точен и конечен резултат од предвремените парламентарни избори од 13, 14 и 15 јули, како и во делот на свесната кампања со наведување на гласачите за уништување на гласачко ливче.

„Сметаме дека се прекршени, односно не се испочитувани ставовите од членот 135 од Изборниот законик, кои што се однесуваат на објавувањето на резултатите. Резултатите објавени по електронски пат не се совпаѓаат со реалните резултати од записниците број 16, а од страна на ДИК беа објавени по законскиот рок од 12 часа за објавување на првичните резултати. Притоа, резултатите објавени на електронската апликација на ДИК не се во согласност со резултатите во записниците број 16, односно со оглед дека поголем дел од резултатите внесени на апликацијата на ДИК не се совпаѓаат со резултатите од записниците број 16, се отвора сомнеж за легитимноста на севкупниот изборен процес“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Од партијата велат и дека бројките објавени од страна на ДИК во Заклучокот за објавување на резултатите, односно вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња заедно со број на употребени важечки и неважечки гласачки ливчиња кои што се објавени во Заклучокот, е помал од бројот на избирачи запишани во Избирачкиот список. Според ВМРО – ДПМНЕ, тоа остава сомнеж за тоа каде се останатите гласачки ливчиња кои што недостасуваат согласно објавениот Заклучок на ДИК.

Вториот приговор кој што ДИК го одбил се однесува на неважечките ливчиња, односно за постапката за сумирање и утврдување на резултатите во делот на неправилна примена на член 115 од Изборниот законик, односно за утврдување на едно гласачко ливче за важечко.

„Ова е производ првенствено на несоодветниот изглед на гласачкото ливче со кое што се спроведоа предвремените парламентарни избори, односно со изглед спротивен на пропишаната законска норма од член 96 од Изборниот законик. Оваа неправилност доведе до можност за манипулација со гласачите, што беше искористена со свесната кампања водена од политичка опција за наведување на гласачите за уништување на гласачко ливче и тоа да биде прогласено за неважечко“, велат од партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација