Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и неодговорниот Мицкоски кршеа мерки и за време на кампањата

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и неодговорниот Мицкоски кршеа мерки и за време на кампањата

ВМРО-ДПМНЕ и неодговорниот Мицкоски беа казнети од граѓаните и затоа што се опасни за здравјето, кршеа мерки и за време на кампањата, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, која рече дека Mакедонија води на црните листи за заболени, а Филипче заборавил дека е министер.

„ВМРО-ДПМНЕ и неодговорниот Христијан Мицкоски на дело ја покажаа нивната негрижа за здравјето на граѓаните и целосно несериозниот однос кон справувањето со коронавирусот. Граѓаните тоа го видоа и затоа ВМРО-ДПМНЕ беше казнета на изборите што се одржаа минатата недела. Сите бевме сведоци на нивното неодговорно и опасно однесување во текот на изборната кампања, во која директно ги кршеа протоколите за заштита на јавното здравје и не ги почитуваа мерките за заштита. Организираа собири, не држеа дистанца, не носеа заштитни маски и сето тоа под директно покровителство на Мицкоски“, се наведува во реакцијата.

Мицкоски, додаваат од СДСМ, беше главен промотор на непочитувањето на мерките за заштита од коронавирусот.

„Наместо да има важна улога во заштитата на јавното здравје, тој одеше по сали за вежбање и во кафеани кога тоа беше забрането и со тоа испрати јасна порака до граѓаните дека нема потреба да се почитуваат мерките за заштита. Во ова време кога здравствениот систем успешно се справува со предизвиците што ги наметна здравствената криза, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе останат запаметени, единствено по нивното неодговорно однесување, но и по обидите со лажни вести да предизвикаат паника кај граѓаните“, пишува во реакцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Објавени лауреатите на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година