Утрински Весник
Спорт

Прв пат во историјата нема да биде доделена „Златната топка“

Прв пат во историјата нема да биде доделена „Златната топка“
Dik 300x250 mk

Престижната награда „Златна топка“, која му се доделува на најдобриот играч во светот, нема да биде доделена оваа година.

Како причина наградата да не биде доделена се наведува прекинот на сезоната што беше предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

Церемонијата на доделувањето на наградите на најдобрите во светот на фудбалот започна во 1956 година. Првиот освојувач на наградата бил Англичанецот Стенли Метјуз, кој победил во изборот пред Алфредо ди Стефано и Рејмонд Копа.

Минатата година за најдобар играч беше прогласен Лионел Меси. Токму Аргентинецот е рекордер со шет освоени „Златни топки“ во кариерата.

Зад него е Кристијано Роналдо со пет, а по три „Златни топки“ освоиле Јохан Кројф, Марко ван Бастен и Мишел Платини.

Оваа година стручњаците најголеми шанси за освојување на наградата му даваа на Роберт Левандовски.

> Прв пат во историјата нема да биде доделена „Златната топка“ <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја