Утрински Весник
Свет

Иран ја испрати во Франција црната кутија од соборениот украински авион

Иран ја испрати во Франција црната кутија од соборениот украински авион
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Иран ја испрати на увид во Франција црната кутија од украинскиот патнички авион што иранските вооружени сили по грешка го соборија во јануари, соопшти иранската полу-официјална новинска агенција ИЛНА.

Иран по грешка го собори авионот „боинг 737-800“, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот откако силите помислиле дека е ракета.

Иранските вооружени сили во тоа време се подготвуваа за контранапад откако лансираа ракети кон американските бази во Ирак како одговор на убиството на нивниот генерал Касим Сулејмани во американски напад претходно во јануари.

Во извештајот на ИЛНА се цитира Мохсен Бахарванд, помошник на иранскиот министер за надворешни работи, според кој црната кутија на соборениот авион е транспортирана во Париз во петокот, во придружба на претставници на иранската цивилна авијација и судски власти.

Бахарванд исто така рече дека црната кутија ќе биде прочитана во Париз денеска.

Иран водеше интензивни преговори со Украина, Канада и други нации чии државјани патуваа со соборениот авион и кои побараа темелна истрага за инцидентот. Иран првично рече дека причина за несреќата се технички проблеми, а призна дека го соборил авионот дури неколку дена подоцна.

Во извештајот не е објаснето зошто Иран ја испрати црната кутија во Франција. „Боинг“ е американска компанија,  а на иранските експерти им беше потребен конвертер за да ги врати податоците од кутијата, но САД се спротивставија на доставата на информациите до Иран.

Претседателот Доналд Трамп повторно воведе санкции за Иран по повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Техеран пред повеќе од две години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски побара долгорочни безбедносни гаранции од САД во рамки на мировниот план

Кинеската армија започна воена вежба околу Тајван

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија