Утрински Весник
Свет

Палестинската Самоуправа бара алтернатива на „Гугл“ по обвинувањето за бришење на Палестина

Палестинската Самоуправа бара алтернатива на „Гугл“ по обвинувањето за бришење на Палестина

„Епл“ и „Гугл“ се обвинети дека ја избришале Палестина од своите мапи на интернет предизвикувајќи бес кај пропалестинските активисти и го поттикнале министерот за комуникации на Палестинската Самоуправа да ја избегнува употребата на пребарувачот, пренесува „Џерусалим пост“.

Обвинението дека Палестина е избришана дојде од објава на „Инстаграм“ од страна на корисникот „Астагфирвлах“ во средата. „Џерусалим пост“ во саботата објави дека Министерството за комуникации на Палестинската Самоуправа објави дека владата на Рамалах трага по алтернатива на „Гугл“ поради бришењето.

View this post on Instagram

[UPDATE]: THIS POST CONTAINS FALSE INFORMATION AS PALESTINE WAS *NEVER* PUT ON WORLDWIDE MAPS. However we have to spread awareness on this issue. Because maps develop to our national consciousness. We NEED our voices to be louder this time. Use your voice. Use your power. This is a revolutionary year, and we will fight for the needed change to bring Palestine on the maps. #FreePalestine

A post shared by Astagfirollah (@astagfirolah) on

Сепак, објавата на „Инстаграм“ – и последователниот бес – се покажаа неосновани бидејќи ниту „Гугл“ ниту „Епл“ никогаш не ја вклучил етикетата „Палестина“ на своите мапи бидејќи не постои таква држава. Според политиката на „Гугл“, спорните граници се прикажани како испрекината сива линија.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд