Утрински Весник
Свет

Велика Британија ќе го прекине договорот за екстрадиција со Хонгконг

Велика Британија ќе го прекине договорот за екстрадиција со Хонгконг
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велика Британија ќе го прекине договорот за екстрадиција со Хонгконг, поради ескалацијата на спорот со Кина за законот за национална безбедност што Пекинг го воведе во таа поранешна британска колонија, јавија медиумите.

Министерот за надворешни работи, Доминик Рааб, кој во неделата ја обвини Кина за масовно кршење на човековите права, ќе објави прекин на договорот во парламентот, соопштија „Тајмс“ и „Дејли телеграф“.

Запрашан за ваквите наводи, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи во Пекинг ја повика Велика Британија да не оди по погрешен пат.

Секој чекор поврзан со екстрадиција ќе биде нов клин во ковчегот на она што поранешниот британски премиер Дејвид Камерон во 2015 година го нарече „златна ера“ на односите со Кина, најголемата светска економија.

Но, Лондон е загрижен за немирите во Хонгконг, кој како територија беше вратен на Кина во 1997 година и смета дека Кина не била целосно искрена за појавата на пандемијата на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рим ја продолжува воената помош за Киев за следната година

Кремљ: Путин му кажа на Трамп дека го менува ставот по украинскиот напад врз резиденцијата

Најмалку тројца загинати во јужна Шпанија