Утрински Весник
Свет

Полицаец херој: Скокнал од 13. кат на зградата за да фати педофил

Полицаец херој: Скокнал од 13. кат на зградата за да фати педофил

Полицаец од Казахстан е наречен херој затоа што скокнал од прозорецот на 13. кат од зграда за да фати педофил осомничен за силување на 15-годишно девојче.

Бакитзан Бакиров (36) и неговиот партнер Меџир Несипбеј биле повикани во стан во Алмсти, каде што провалил еден маж и злоупотребил тинејџерка.

Кога пристигнале, осомничениот избегал и скокнал низ прозорецот, а веднаш потоа и Бакиров рипнал по него.

По акцијата, тој рече дека дури подоцна сфатил дека осомничениот можеби се обидел да изврши самоубиство за да не биде уапсен.

За среќа на полицискиот службеник, два ката подолу каде што паднал осомничениот има балкон. Бакиров ја скршил ногата, но успеал да го фати осомничениот.

На полицаецот му е доделен медал за храброст. Тој вели дека неговата единствена мисла била да го фати човекот. Бакир е татко на две ќерки и шест сина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осуммина повредени во руски напад врз Одеса

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната

Едно лице загина, девет се водат како исчезнати во уривање на хемиски резервоар во американската сојузна држава Вашингтон