Утрински Весник
Свет

Израелските сили собориле дрон близу границата со Либан

Израелските сили собориле дрон близу границата со Либан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Невообчаен инцидент се случи на границата меѓу Израел и Либан во неделата вечерта кога израелските безбедносни сили ИДФ соборија либанско беспилотно летало што влегло во воздушниот простор на Израел, пренесува „Џерусалим пост“.

Според портпаролот на ИДФ, нивните сили идентификувале беспилотно летало кое најверојатно било управувано од Либан и влегло во израелскиот воздушен простор. Беспилотното летало наводно ги следело силите на ИДФ.

Според извештаите во Либан, дронот бил користен за снимање видео во знак на сеќавање на крајот на Втората либанска војна.

Силите на ИДФ ја презеле контролата врз беспилотното летало од далечина пред да го соборат. Тие потоа ја скенирале областа за да потврдат дека дронот паднал на територијата на Израел.

„ИДФ ќе продолжи да работи за да спречи секаков обид за кршење на израелскиот суверенитет“, се вели во соопштението на портпаролот на ИДФ по инцидентот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна

Тројца тешко повредени по експлозија во хемиска фабрика во Франција