Утрински Весник
Свет

Песков: Путин не е вакциниран против коронавирус

Песков: Путин не е вакциниран против коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот претседател, Владимир Путин, не е вакциниран против Ковид-19, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој го рече тоа одговарајќи на прашањето на новинарите дали Путин е вакциниран, пренесува ТАСС.

„Не. Вакцината сè уште не е одобрена. Не би било добро шефот на државата да се вакцинира со неодобрена вакцина“, рече Песков.

Според Песков, една од вакцините ја примил директорот на Рускиот инвестициски фонд (РДИФ), Кирил Дмитријев, и додаде дека не знае дали некој од администрацијата на Путин волонтирал при тестирањето на вакцината.

Тој додаде дека ниту тој не го сторил тоа бидејќи закрепнува од болеста.

„Кога ќе пристигне вакцината, најпрвин ќе им биде достапна на оние на кои им е најпотребна, а тоа се луѓето од ризичните групи“, рече Песков и додаде дека резултатите на руските истражувачи што работат на вакцината се ветувачки, но дека нивната работа сè уште не е завршена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода