Утрински Весник
Политички Партии

(Видео) Стојаноска: Mакедонија води на црните листи за заболени, а Филипче заборави дека е министер

(Видео) Стојаноска: Mакедонија води на црните листи за заболени, а Филипче заборави дека е министер

 

Додека Македонија бележи огромен број на новозаболени од Ковид-19, Венко Филипче, трчајќи да ја реализира партиската агенда на Зоран Заев и СДСМ, заборави дека е министер за здравство, рече денеска на прес-конференција, Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Има голем број на новозаразени во деноноќие, има голем број на починати во деноноќие, Македонија води по црните статистики, како по број на заболени на милион жители, така и по број на починати на милион жители, но ова не е тема, уште помалку приоритет за Филипче, Спасовски, ама и за Заев“, кажа претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноска исто така обвини дека дискотеката во Струмица каде викендов се одржале масовни забави е во сопственост на, како што кажа, другари од друштвото на Заев.

„Заев и СДСМ го загрозуваат здравјето и ги загрозуваат животите на граѓаните. Ако вака се продолжи, вината оди на адреса на Филипче и Спасовски, како и на нивниот партиски претседател кој е занесен во лагите и чинењето на криминал“, посочи таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт