Утрински Весник
Македонија

Се поставува сигнализација за еднонасочен сообраќај на улиците близу Градскиот парк

Се поставува сигнализација за еднонасочен сообраќај на улиците близу Градскиот парк

Во согласност со основниот сообраќаен проект за урбаната четврт Парк и добиеното решение за измена на постојаниот режим за сообраќај.

Општина Центар започна со поставување сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен режим во урбаната четврт Парк во согласност со добиеното решение за измена на постојаниот режим за сообраќај.

Во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на проточноста, започнати се активности за поставување сообраќајна сигнализација за еднонасочен режим на улицата „Ристо Шишков“.

Во наредните денови ќе продолжат активностите за воспоставување еднонасочен сообраќаен режим и на улиците: „8 Март“, „Руса Плевева“, „Јордан Хаџи Константин Џинот“, „Кукушка“ и „Благоја Страчков“.

Поставувањето нова сообраќајна сигнализација ќе овозможи намалување на сообраќајот и протокот на возила, како и зголемена безбедност за пешаците, велосипедистите и подобрување на начинот на живот на жителите во овој дел од градот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда