Утрински Весник
Свет

Белата куќа ги префрли портретите на Клинтон и Буш на невидливо место

Белата куќа ги префрли портретите на Клинтон и Буш на невидливо место
Dik 300x250 mk

Официјалните портрети на двајцата поранешни претседатели Бил Клинтон и Џорџ В. Буш во текот на изминатите десет дена се отстранети од големиот хол на Белата куќа и се заменети со портрети на двајца републикански претседатели кои ја извршувале функцијата пред повеќе од еден век.

Традиција на Белата куќа е портретите на последните претседатели да стојат на најистакнатите места на влезот во седиштето на американскиот претседател, каде што се пречекуваат гостите, пишува „Си-ен-ен“.

Кога Доналд Трамп го пречекал мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на 8 јули, портретите се уште биле во холот. Но, потоа тие биле преместени во ретко користена мала семејна трпезарија.

На поранешната локација портретите биле видливи секој ден бидејќи Трамп слегувал по скалите од приватната резиденција или кога бил домаќин на официјални настани во Белата куќа.

Тие сега се наоѓаат во просторија што служи како магацин за неискористени чаршафи и мебел.

Наместо Буш, сега е изложен портрет на 25. претседател Вилијам Мекинли убиен во 1901 година, а Клинтон е заменет со Теодор Рузвелт, кој го наследи Мекинли.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство

Русија распоредува резервисти за заштита на стратешки објекти од украински дронови