Утрински Весник
Свет

(Видео) Ерупција на вулкан во Италија: Се слушнала експлозија, во воздухот летала лава

(Видео) Ерупција на вулкан во Италија: Се слушнала експлозија, во воздухот летала лава

На видеото е снимен моментот на избувнување на вулкан на италијански остров.

Активниот вулкан лоциран на италијанскиот остров Стромболи е познат по тоа што често избувнува и понекогаш доведува до смртни случаи.
Драматичното видео ја покажува ерупцијата на планината Стромболи што довела до силен огномет.

Медиумите пишуваат дека во ерупцијата нема повредени лица и дека не е предизвикана штета, а експлозијата го погодила само кратерот и отворот на вулканот.

Националниот институт за геофизика и вулканологија сепак успеал да забележи некои остатоци и лава што се движеле низ падината на вулканот и на подрачјето каде што жителите повремено шетаат во текот на денот.

Ерупцијата на планината Стромболи минатата година уби планинар и принуди неколку мештани да трчаат кон морето плашејќи се за својот живот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски вели дека војната му ја одзела можноста да го поминува своето време со семејството

Трамп ќе ги зголеми глобалните царини на 15%

Марш во Лион по смртта на десничарски активист, Макрон повика на смиреност