Утрински Весник
Свет

Откриени шест типови на коронавирус, исип на кожата доминантен симптом

Откриени шест типови на коронавирус, исип на кожата доминантен симптом

Според експертите, коронавирусот се појавува во шест различни верзии. Новите откритија, според авторот на студијата, Клер Стивс од Кралскиот колеџ во Лондон, ќе помогнат во натамошната пракса за време на вториот бран на епидемијата.

Студијата утврдила на кои пациенти ќе им биде потребна хоспитализација уште на самиот почеток на откривање на болеста или респиратор. Раното откривање на ризиците ќе помогне да се спасат човечки животи.

Повеќе од 45.000 луѓе починале во Велика Британија како резултат на инфекција со коронавирус, а најновата студија дава увид во тоа како лекарите ќе ги третираат пациентите во иднина.

Научниците велат дека пациентите од досегашната пракса развиле цел спектар на симптоми – од главоболки, болки во мускулите, слабост и чувство на несигурност и конфузија. Истражувањата покажаа дека коронавирусот се појавува во шест различни форми, пренесува „Блиц“.

Како грип, но нема температура

Инфицираните луѓе во оваа група имаат главоболки, губење на чувството за мирис и вкус, болка во мускулите, кашлица, црвено грло, болка во градите, но нема треска.

Како грип, но со треска

Пациентите во оваа група ги имаат истите симптоми како и во претходната со треска и губење на апетит.

Гастроентеролошки вирус

Пациентите во оваа група ќе имаат симптоми како што се главоболка, губење на чувството за мирис и вкус, губење на апетит, дијареја, црвено грло, болка во градите, без кашлање.

Тешка болест ниво 1 – слабост

Покрај главоболка, губење на чувството за вкус и мирис, проблеми со апетитот, дијареја, црвено грло, постои симптом на болка во градите, без кашлица.

Тешка болест ниво 2 – конфузија

Истите симптоми како и во претходните групи, проследени со слабост, несвестица, болка во мускулите и чувство на конфузија.

Тешка болест ниво 3 – проблеми со стомакот и респираторни проблеми

Во најтешка форма, покрај сите горенаведени симптоми, се појавува и краток здив, силна болка во стомакот, висока температура и интензивна кашлица.

Научниците велат дека главоболката е еден од доминантните симптоми на „Ковид-19“ во најновите истражувања. Меѓу другото, Кралскиот колеџ наведува дека исипот на кожата се појавува како еден од доминантните симптоми на инфекцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд