Утрински Весник
Свет

Во Ломбардија нема починат од коронавирус за првпат од пандемијата

Во Ломбардија нема починат од коронавирус за првпат од пандемијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во последните 24 часа во најтешко погодениот италијански регион Ломбардија, не е регистриран смртен случај од коронавирусот, јавуваат италијанските медиуми.

Од почетокот на епидемијата до денеска, немаше поминато 24 часа без смртни случаи на коронавирус во овој регион.

Инаку, во цела Италија, три лица починаа од ковид-19 во последните 24 часа, за разлика од вчерашните 14. Потврдени се 219 нови случаи на заразени, а 143 лица оздравеле.

Во болниците сè уште има 743 пациенти, од кои 47 се во одделенијата за интензивна нега.

Досега 35.045 луѓе починале од коронавирус во Италија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро

Путин: Русија е подготвена за територијални отстапки во Украина