Премиерлигашот Борнмут цели 5 сезони е дел од најквалитетното англиско друштво, но тоа со огромна веројатност завршува сезонава
Клубот од југот на земјата денеска на домашен терен загуби со 0-2 од екипата на Саутемптон во рамки на претпоследното коло од ПЛ и со тоа речиси сигурно од идната сезона ќе настапува во Чемпионшип.
Првиот гол за водство на Саутемптон беше дело на Дени Ингс во 41. минута.
Во вториот дел истиот играч промаши пенал.
Сепак, вистинските возбудувања беа во завршните моменти од мечот, во судиското надополнување.
Домаќините постигнаа гол за 1-1 во 96 минута, но поради офсајд, тој беше поништен.
Точка на надежите на домашните дека ќе дојдат до реми стави Рамсдал во 98 минута за конечни 0-2.
За Борнмут да остане во ПЛ, треба тие во последното коло да слават кај Евертон, а Вотфорд кој има меч помалку (задутре го пречекува Манчестер Сити) треба да ги загуби два меча до крај и притоа тоа да се случи со голема гол разлика.
Во моментов Вотфорд има 3 бода повеќе и гол разлика -23, додека Борнмут е на -27 гола.
> На Борнмут му се стемни од „Светците“, се лизгаат кон Чемпионшип (.) <