Утрински Весник
Свет

Приведен маж за пожарот во катедралата во Нант

(Видео) Гори катедрала во Франција

Маж на возраст од 39 години е осомничен дека ја запалил готската катедрала од 15 век во Нант, Франција.

Станува збор за бегалец од Руанда, кој работел како доброволец во катедралата и бил задолжен за затворање на зградата. Утврдено е дека пожарот избувнал на три локации.

Француските власти соопштија дека е отворена истрага поради сомневање за подметнување пожар.

Ова е втор случај на пожар во катедрала во Франција, по пожарот во Нотр Дам, кој го уништи покривот на објектот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Москва не сака прекин на огнот со Украина: „Нема основа за полусрдечни решенија“

САД издадоа предупредување за патувања во Германија

Дрон влегол во латвискиот воздушен простор, НАТО го соборил