Утрински Весник
Спорт

Бомбастична најава од Италија – Роналдо се враќа во Англија

Бомбастична најава од Италија – Роналдо се враќа во Англија

Крстијано Роналдо, ѕвездата на Јувентус, ќе биде прва цел на новиот англиски проект. Италијанските медиуми пишуваат дека Португалецот добил неверојатна понуда за две годишен договор. Овие пишувања доаѓаат во момент кога се шпекулира дека тој не е задоволен од она што се случува во Јувентус.

Сопствениците од Саудиска Арабија, наводно веќе му соопштиле какви се нивните намери и во која насока треба во иднина да се движи Њукасл. Му понудиле и дека по една сезона може да замине доколkу проектот не му се допадне.

Парите нема да бидат проблем за Њукасл на чие чело треба да застане принцот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман. Тој најавил големи инвестиции, а покрај Роналдо планирал да му понуди договор и на Герет Бејл.

Изминатите недели во Италија се шпекулира дека Роналдо бил во лоши односи со тренерот Маурицио Сари, што и била причина за неговото незадоволство.

> Бомбастична најава од Италија – Роналдо се враќа во Англија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо