Утрински Весник
Спорт

Хамилтон недопирлив за конкурентите на Хунгароринг

Хамилтон недопирлив за конкурентите на Хунгароринг

Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон со нов рекорд на патеката 1:13.447 минути ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Унгарија. Британецот седми пат ја освои пол-позицијата и на вечната лиса се израмни со Михаел Шумахер.

Хамилтон и воопшто Мерцедес ја прегазија конкуренцијата во денешните квалификации на Хунгароринг. Со рекорд на патеката Британецот ја освои 90 пол-позиција во кариерата.

Втор во квалификациите беше неговиот клупски колега Валтери Ботас, а доминацијата на Мерцерес ја заокружија пилотите на Рејсинг Поинт. „Розевите Мерцедеси“ се на третото и четвртото место, Ленс Строл и Чеко Перез.

Сите останати имаа време за најмалку една секунда побавно од Хамилтон.

Третиот ред го комплетираа Себастијан Фетел и Шарл Леклер од Ферари, зад нив е Макс Ферстапен (Ред Бул), следуваат возачите на Мекларен Ландо Норис и Карлос Саинц, а најдобрата десетка завршува со Пјер Гасли од Алфа Таури.

Трката за Големата награда на Унгарија утре ќе започне во 15.10 часот.

> Хамилтон недопирлив за конкурентите на Хунгароринг <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шкендија против Самсунспор во нокаут фазата на Лигата на Конференции

Легендата на светското пливање се бори со депресија

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026