Утрински Весник
Македонија

Левица досега поднесе 425 приговори за изборите

Левица досега поднесе 425 приговори за изборите

Полиичката партија Левица досега поднела 425 приговори за нарушување на изборниот процес до Државната изборна комисија, а ќе продолжи да поднесува уште во текот на денот.

Од партијата нагласуваат приговорите се поднесени по бројни нерегуларности во процесот на броењето и сумирањето на резултатите од гласањето, како и по добиените информации за случени манипулации и фалсификати.

„Овие приговори се однесуваат на голем дел од избирачки места од повеќе изборни единици каде набљудувачите на Партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите, ни дадоа информации за манипулации спроведени од страна на лица на ДИК. Со овие манипулативни активности директно е оштетена Политичката партија Левица, на која ѝ се скратени три пратеници, а директно е нарушено и правото на избор на граѓаните чии гласови не се правилно валоризирани“, велат од Левица.

Дополнително, оттука известуваат дека поднесувањето приговори ќе продолжи и во текот на денов, се до завршување на законскиот рок од 48 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Метео аларм: Утре силен северен ветер над 70 км/ч!

Ампева до работниците во „Артекс“: Не потпишувајте нешто, обезбедена е правна поддршка!

СЦЕНСКИ ОМАЖ ЗА ТОМАЖ ПАНДУР: „БЕЗГРЕШНА“ НА СНГ МАРИБОР ВЕЧЕРВА ВО МНТ