Утрински Весник
Спорт

Хаос во ФК Вардар – клубот е пред амбис, играчите на улица?!

Хаос во ФК Вардар – клубот е пред амбис, играчите на улица?!
Dik 300x250 mk

Македонскиот фудбалски бренд, ФК Вардар, е во крајно незавидна ситуација.

Информациите од „црвено-црниот“ табор се дека од денеска сите играчи се слободни и може да бараат ангажман во други средини. На денешниот состанок меѓу играчите и раководството било кажано дека клубот нема финансии и поради тоа играчите се слободни.

Откако Сергеј Самсоненко реши дека во иднина не сака и не може да го финансира Вардар, поради финансиските долгови, „црвено-црните“ го загубија правото на настап во фудбалска Европа, останаа без лиценца, а од денеска, како што се наведува, клубот останува и без играчите.

Долгот на Самсоненко кон играчите е приближно 3 милиони евра. Информациите се дека в понеделник фудбалерите ќе потпишат на нотар дека Русинот до крајот на годината ќе им ги исплати сите долгови.

Неодамна се појавија информации дека Бугаринот Благо Георгиев ќе го преземе раководењето со Вардар, ама од тоа не излезе ништо.

Ниту Град Скопје не е во можност да го менаџира клубот, па засега останува крајно неизвесна судбината на клубот со голема традиција и резултати.

Новата сезона во ПМФЛ почнува за 3 недели, играчите со право се разочарани и исплашени за својата иднина. Најавуваат заеднички став во текот на утрешниот ден.

> Хаос во ФК Вардар – клубот е пред амбис, играчите на улица?! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја