Мадона ја претвора физикалната терапија во нешто сосема друго додека прави истегнување со помош на 25-годишниот партнер Ахламалик Вилијамс, познат како нејзино момче играчка.
Мадона (61) веќе предизвика лавина коментари, повеќето негативни, поради огромната разлика во возраста меѓу неа и нејзиното 25-годишно момче, професионалниот танчер Ахламалик Вилијамс, кој е само три години постар од ќерка ѝ Лурд.
Но, Мадона е Мадона и сè е можно. Таа прави што сака и не ја интересираат туѓите мислења.
Поп иконата продолжи да предизвикува чудење кај луѓето кога сподели како многу помладиот партнер ѝ помага да се опорави од неодамнешната повреда на коленото.
Таа најде начин физикалната терапија да ја направи секси додека буквално се залепува за Ахламалик при доста провокативно истегнивање. Оваа и неколку други вежби ги сподели на својот Инстаграм во четвртокот.
„Рехабилитацијата не мора да биде здодевна…“пејачката на мегахитот Justify My Love напиша во описот.
Вилијамс, кој излезе од анонимност минатиот декември кога беше забележан со Мадона во Мајами, стои близу зад неа, држејќи ја цврсто за да не изгуби рамнотежа.
На друга фотографија, таа лежи на подлога за јога и ги истегнува рацете.