Утрински Весник
Македонија

Почна поставувањето на монтажната амбуланта за пулмологија

Почна поставувањето на монтажната амбуланта за пулмологија

Министерството за здравство информира дека денеска почна поставувањето на контејнерите за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Овој објект се поставува на просторот помеѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ.

Целосната монтажа треба да заврши до 30 јули, а кон средината на месец август и објектот да биде подготвен.

Во монтажниот оддел ќе бидат лоцирани четири амбуланти и кабинети за спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

73 годишен маж силувал 75годишна жена во паланечко село

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите –  сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево