Утрински Весник
Македонија

Струмичанец криел кокаин во штоп-светло на неговиот автомобил

Струмичанец криел кокаин во штоп-светло на неговиот автомобил

Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против жител на струмичкото село Костурино​ за кој постои сомнение дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот, во својот автомобил во левото задно штоп-светло, скрил кокаин со тежина од 10,31 грам, спакуван во три полиетиленски пакувања. Дрогата била пронајдена вчера (16 јули), при претрес од овластени службени лица на наплатната рампа Миладиновци.

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот 46-годишник.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе нови кадровски одлуки за локалните комитети

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ падна на сопствениот патриотски тест

УХМР предупредува: Невреме, пороен дожд и силен ветер ја очекуваат Македонија оваа седмица