Утрински Весник
Спорт

Аталанта руши уште еден рекорд, стар 70 години

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Избраниците на Џан Пјеро Гасперини, фудбалерите на калчолигашот Аталанта не само што играат фудбал допадлив за око, туку остваруваат и сериозни резултати, што го потврдува третото место на табелата во Серија А.

Фудбалерите на Аталанта постигнаа 93 гола на 33 меча во досегашниот сел од сезоната во Серија А и судејќи по се ќе влезат во друштво на ретките тимови кои дале 100 гола во една сезона.

Последен пат тоа се случило во 1951 година кога дури три тима успеале во тој подвиг.

Милан ја освоил титулата со 107 гола, а исто толку постигнал и второпласираниот Интер, додека третиот, Јувентус, стигнал до 103 погодоци.

Во наредните 5 кола играчите на клубот од Бергамо ќе се обидат да постигнат најмалку уште 7 гола за да влезат во ова друштво.

„Сино-црните“ имаат тројца играчи кои постигнале 15 гола сезонава, со што е израмнет рекордот на Јувентус од сезоната 1951/1952.

> Аталанта руши уште еден рекорд, стар 70 години <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра