Утрински Весник
Свет

Пронајдено телото на девојчето кое со возило падна во реката Лим

Пронајдено телото на девојчето кое со возило падна во реката Лим

Нуркачи го извлекоа безживотното тело на девојчето кое со возило паднало синоќа во реката Лим, во Србија. Покрај девојчето, за дел кое дел од медиумите известуваат дека има 11 години, а според има 7 години, во возилото се наоѓале и нејзиниот брат и татко и.

Несреќата се случила кога автомобилот „бе-ем-ве“ во кој се наоѓале таткото и двете малолетни деца излетал од патот и завршил во водите на Лим. Таткото и едното дете успеале да излезат од автомобилот и да стасаат до брегот.

Несреќата се случила во доцна синоќа околу 22 часот, кога семјството се враќало од одмор на Златар. Според српските медиуми автомобилот кој завршил во реката Лим бил со регистарски ознаки од Панчево.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус