Утрински Весник
Свет

(Видео) Хаос во тајванскиот парламент, пратениците се гаѓаа со балони полни со вода

(Видео) Хаос во тајванскиот парламент, пратениците се гаѓаа со балони полни со вода

Жестока дебата ескалираше во тепачка во тајванскиот парламент, по третпат во рок од 15 дена, при што некои пратеници ги напаѓаа противниците со балони полни со вода.

За тајванските пратеници физичките пресметки во парламентот и не се некоја новина, но последните две недели беа особено бурни поради расправата за назначувањето на иден шеф на агенцијата задолжена за надзор на владата.

Физички судири се случија и кога се дискутираше за реформи и намалување на пензиите пред четири години, во време кога претседателката Цај Инг-вен ја презеде функцијата.

Претставник на Демократската напредна партија (ДПП, на власт) со раката удри колега од Куоминтанг (КМТ, опозиција).

Набргу потоа, пратениците од КМТ реагираа напаѓајќи ги колегите од ДПП со балони со вода, принудувајќи ги да облечат пластифицирани мантили и да се заштитат со големи картонски паноа.

ДПП за шефица на агенцијата ја номинираше 70-годишната Чен Чу, позната активистка за човекови права, кој мина шест години во затвор за време на диктатурата Куоминтанг.

ДПП има мнозинство во парламентот и денекса го потврди кандидатот и покрај расправијата и физичката конфронтација.

КМТ тврди дека 24 од 27 кандидати номинирани за членство во агенцијата за контрола се тесно поврзани со ДПП и дека станува збор за досега најкатастрофалното именување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме