Утрински Весник
Свет

„Европол“: Група шверцери со мигранти уапсени во Полска

„Европол“: Група шверцери со мигранти уапсени во Полска

Полската гранична полиција, во соработка со „Европол“, уапси осум членови на организирана криминална група за која се верува дека прошверцувала повеќе од 150 мигранти во Полска, на нивната рута за Западна Европа, објави „Европол“.

Од 23 јуни се спроведени неколку координирани рации, при што се уапсени седуммина полски државјани и еден државјанин на Виетнам, се наведува во соопштението, а се додава дека другите 10 членови на криминалната група биле уапсени во ноември минатата година.

Групата работeла од јули 2018 година, помагајќи им на мигрантите илегално да ја преминат полската граница за да стигнат до западноевропските земји, а од мигрантите земале и до 20.000 американски долари.

Мигрантите се превезувале претежно во скриени комори во возила и камиони.

Криминалната група соработувала со други групи кои им обезбедувале криење и сместување на мигрантите додека чекале трансфер до посакуваната дестинација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ле Пен најави дека ќе се кандидира за претседателка на Франција

Трамп: Русија и Украина ќе постигнат договор, се надевам на брза средба меѓу Путин и Зеленски

Трамп изјави дека САД „веројатно“ вечерва повторно ќе го нападнат Иран