Европските лидери денеска на прва средба лице во лице од почетокот на коронакризата, со мали очекувања за постигнување договор за стимулативниот пакет помош од 750 милијарди евра.
Главното прашање е колку пари од фондот за закрепнување ќе биде доделен во грантови и колку во заеми.
Тие исто така треба да се договорат и за седумгодишниот буџет вреден илјада милијарди и 700 милиони евра.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека е момент на вистината за Европа и дека следните часови ќе бидат одлучувачки.
Германската канцеларка, Ангела Меркел, пред почетокот на самитот предупреди дека позициите се сè уште далеку од согласни, а претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, нагласи дека разговорите ќе бидат многу тешки.
Самитот во Брисел е предвидено да продолжи утре, но на лидерите на ЕУ можеби ќе им треба подолго време за да постигнат договор. Француски претставник изјавил дека постигнувањето на договорот е можно овој викенд, но е потребно да биде утврден до крајот на летово.
Италија и Шпанија сакаат итна одлука и помош за да ги оживеат економиите погодени од разорната пандемија, во која загинаа 35,000 луѓе во Италија и уште 28.400 во Шпанија.
Европската централна банка со седиште во Франкфурт веќе прогнозира пад од 8,7% во економијата на еврозоната оваа година поради пандемијата. Но, економиите што неодамна се извлекоа од финансиска криза сакаат грантови, а не да преземаат понатамошни заеми.
Австрија, Шведска, Данска и до одреден степен Финска, сакаат одредена контрола врз тоа како се делат парите. Јужните држави велат дека ова ќе го задржи процесот назад. Исто така, постои притисок да се намали големината на фондот 750 милијарди евра.