Утрински Весник
Свет

Возило во кое се наоѓале татко и две деца падна во река во Србија

Возило во кое се наоѓале татко и две деца падна во река во Србија

Полицијата трага по седумгодишно девојче, откако возило во кое се наоѓале татко и неговите деца  синоќа падна во река во Србија. Во сообраќајна незгода, што се случила синоќа околу 22 часот, недалеку од местото Дренова кај Пријепоље, патничко возило слета во реката Лим.

Таткото и едното дете успеале да излезат од автомобилот и да стигнат на брегот, додека по другото дете се трага, објави порталот „ПП Медиа“.

Според информациите од порталот, возилото „бе-ем-ве“ е со регистарски таблички од Панчево.

Полицијата и пожарникарите се на лице место. Како што неофицијално дознава агенцијата РИНА, станува збор за 7-годишно девојче кое паднало во реката.

Семејството било на одмор во Златар, од каде заминале за Пријепоље, при што несреќата се случила на враќањето назад.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот