Утрински Весник
Магазин

Били Џоел свири на пијано што било оставено на тротоар

Били Џоел свири на пијано што било оставено на тротоар

Видео на кое музичката легенда Били Џоел свири пијано на тротоарот на Лонг Ајленд, Њујорк, ги преплави социјалните мрежи, па дури и светските медиуми објавија написи за овој убав гест на ѕвездата.

Претставник на Џоел потврди за „Си-ен-ен“ дека тој е човекот на пијаното во видеото, но не понуди коментар.

71-годишниот изведувач беше фатен на камера на мобилен телефон додека свири регтајм песна на пијано близу улицата.

Според „Њусдеј“, тој возел мотор со кацига кога го забележал пијаното на тротоарот во квартот Хантингтон.

„Добро е!“ се слуша Џоел како вели во видеото, откако удира со прстите на белите дирки. „Треба само да се наштима. И финишот е како што треба. Ова е совршено добро пијано“.

„Жално е да се фрли,“ вели Џоел и сугерира пијаното да биде донирано на „Друштвото Св. Винсент де Пол“, а некој зад камерата на телефонот може да се чуе како вели дека во блиина има секнд-хенд продавница која нуди производи за втора употреба.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга

Хороскопски знаци кои имаат среќа со финансиите, ретко остануваат без пари

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик