Утрински Весник
Свет

И покрај карантинот, Викторија забележа најголем број на новозаболени за 24 часа

И покрај карантинот, Викторија забележа најголем број на новозаболени за 24 часа

Во австралиската држава Викторија, во последните 24 часа се регистрирани 428 нови случаи на „Ковид-19“, што е најголем број на нови нови случаи за еден ден од почетокот на епидемијата, изјави премиерот Даниел Ендрус.

Од новите пациенти, 57 биле заразени преку претходно заразени, едно лице било во карантин, додека другите се испитуваат како се заразиле, пренесува „Си-ен-ен“.

Исто така, регистрирани се три смртни случаи.

„Ќе го зголемиме бројот на тестови“, рече Ендрус и додаде дека 1,2 милиони жители се тестирани од 1 јануари.

 

Главниот град на Викторија, Мелбурн е во шестнеделен карантин од минатата недела, за време на кој армијата и полицијата ќе ги обезбедуваат патиштата и улиците.

На граѓаните им е дозволено да излегуваат надвор само за да купат храна или лекови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз

Иранскиот комплекс за збогатување уран Натанз е погоден во напади од воздух

Иранските напади врз американски бази предизвикаа штета од 800 милиони долари