Утрински Весник
Свет

(Видео) Шестмина загинати при уривање на зграда во Индија

(Видео) Шестмина загинати при уривање на зграда во Индија

Обилните дождови предизвикаа уривање на шесткатна зграда во Мумбаи, при што загинаа шест лица.

Зградата, која се наоѓаше во многу лоша состојба дури и пред уривањето, беше населена од пет или шест семејства на кои претходно им било советувано да се евакуираат, рекоа сведоците, пренесува „Ројтерс“.

„Не може да се исклучи опасноста од друго уривање“, рече шефот на противпожарната служба.

Поради обилните дождови во тој дел на Индија е издадено црвено предупредување за Мумбаи и околината.

Покрај проблемите со обилните врнежи од дожд, Индија се соочува и со силен удар на коронавирусот. Според Министерството за здравство, бројот на заразени лица надмина еден милион. Во таа земја досега од коронавирус починале вкупно 25.602 граѓани.

Инфекцијата се шири, особено во помалите градови и села каде што нема карантин и ограничувања, пренесува „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руската морнарица почна со вежби, учествуваат 20.000 луѓе

Нови саботажи: возот од Амстердам мораше да застане поради скинат кабел, евакуирани 500 патници

Пожарот во познатото албанско летувалиште се шири во близина на хотели и апартмани, жителите и туристите евакуирани