Утрински Весник
Магазин

Шарлиз Терон не се одвојува од борбена секира од новиот филм

Шарлиз Терон не се одвојува од борбена секира од новиот филм

Шарлиз Терон ги преплашила врабоените на паркингот на ресторан со гумена секира што ја чувала во нејзиниот автомобил додека го снимала филмот „Старата гарда“ кој почна да се прикажува на „Нетфликс“ минатата недела.

Во филмот, Шарлиз (44) глуми бесмртна воинка стара 6.000 години, која користи борбена секира за елиминација на своите непријатели.

Кога гостуваше во вечерното ток-шоу Late Night, таа на домаќинот Сет Мејерс му откри дека доста време вежбала со оружјето што го користи во новиот филм за да изгледа поубедливо на екранот.

Шарлиз му рече на Сет дека координаторот за борба во филмот, Дени Хернандез, ѝ дал гумена верзија на секирата и ѝ рекол да ја носи со неа цело време, дури и кога оди во ресторан да ја чува во автомобилот.

„Лажната секира делува застрашувачки, а нејзиниот предисториски изглед ја прави многу реална. Се чини дека ќе ве повреди само гледајќи во неа“, објасни Шарлиз.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Никој не може да им одолее: Ова се најсекси хороскопските знаци

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Мбапе не може да вози автомобил обезбеден од Реал Мадрид