Утрински Весник
Свет

Апел до богатите земји со 10 милиони долари да им помогнат на сиромашните во борбата против коронавирусот

Апел до богатите земји со 10 милиони долари да им помогнат на сиромашните во борбата против коронавирусот

Поддршката за сиромашните земји во борбата против коронавирусот досега беше во голема мера несоодветна, изјави претставникот на ОН за хуманитарни работи, Марк Лукок. Тој ги повика богатите земји да донираат повеќе.

Обединетите нации го зголемија својот хуманитарен апел за уште една третина, на 10,3 милијарди американски долари помош за 63 земји, претежно во Африка и Латинска Америка, за спречување на ширењето на коронавирусот.

„ОН во март побараа две милијарди американски долари и потоа во мај 6,7 милијарди американски долари, а досега добија само 1,7 милијарди долари, рече Лукок.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп по предлогот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

Мерц: Германија престанува со објавување детали за воената помош за Украина

Путин предлага мировни преговори на 15 мај