Утрински Весник
Македонија

Тече рокот за приговори за резултатите од парламентарните избори

Тече рокот за приговори за резултатите од парламентарните избори

Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во земјава, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.

Владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освои најмногу гласови и 46 места.  СДСМ освои 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места. Демократска унија за интеграција (ДУИ) освои 104.587 гласови и 15 места, коалицијата Алијансата за Албанците – Алтернативна 81.229 гласови и 12 места, Левица 37.551 глас и две пратенички места, а Демократската партија на Албанците (ДПА) 13.891 гласови и еден мандат во парламентот.

 

На изборите гласале вкупно 942,334 граѓани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните