Утрински Весник
Македонија

(Видео) Николоски: И покрај поткупот и уцените, ВМРО-ДПМНЕ победи во 12 општини во ИЕ 4

(Видео) Николоски: И покрај поткупот и уцените, ВМРО-ДПМНЕ победи во 12 општини во ИЕ 4
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Почитувани пријатели од Четвртата изборна единица, би сакал да ви се заблагодарам на сите што излеговте на парламентарните избори и со својот глас придонесовте во развојот на демократијата во Македонија. Особено би сакал да им се заблагодарам на над 75 илјади жители на Четвртата изборна единица, кои го поддржаа бројот 14 и гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е највисок резултат за ВМРО-ДПМНЕ од сите шест изборни единици. Јас сум благодарен за вашата поддршка, исто така ВМРО-ДПМНЕ е благодарно за вашата поддршка. Од вкупно 19 општини во Четвртата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ победи во 12 општини, а во две општини беше нерешено“, изјави Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, да ги немаше масовниот поткуп и притисоците и уцените што се случија, ќе победиле и во другите општини.

„За жал, вчерашниот ден, како и целата кампања, беше пример како функционира власта на Зоран Заев, масовен поткуп, притисоци, уцени и закани. Двајца градоначалници од редовите на СДСМ беа фатени како вршат поткуп, а многу други активисти и функционери на СДСМ го правеа тоа. Го повикувам Обвинителството и надлежните органи, да реагираат и да ги расчистат овие инциденти затоа што овие инциденти го нарушија демократскиот процес на изразување на слободната волја на граѓаните.

И покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ победи во 12 општини во Четвртата изборна единица. Зоран Заев не успеа да победи дома, Зоран Заев не успеа да победи во Четвртата изборна единица. И, затоа, со сите пријатели, со сите поддржувачи во Четвртата изборна единица, ќе продолжиме да се бориме против криминалот и корупцијата во Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за младите да ги зачуваме во Македонија, ќе продолжиме да се бориме за праведна цена на тутунот, ќе продолжиме да се бориме за праведна цена на земјоделските производи, ќе продолжиме да се бориме против зелената мафија и ќе продолжиме да се бориме за економската благосостојба на ‘четворката’. Заедно продолжуваме“, додаде тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче