Утрински Весник
Македонија

ЕУ објави нова листа на земји на кои ќе им биде дозволен влез, Македонија повторно ја нема

ЕУ објави нова листа на земји на кои ќе им биде дозволен влез, Македонија повторно ја нема

Советот на Европската Унија усвои нова листа на земји на чии државјани од 16 јули ќе им е дозволен влез во земјите на ЕУ, но на неа повторно ја нема Македонија. Од листата на која има 13 земји, се тргнати Србија и Црна Гора, поради влошената состојба со коронавирусот. Од Брисел наведуваат дека листата повторно ќе биде ажурирана за две недели.

Врз основа на критериумите кои ги опфаќаат пред сѐ епидемиолошката ситуација и мерките на заштита, државите членки на ЕУ од 16 јули постепено треба да ги укинуваат ограничувањата за патувања за жителите на Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина, која пак е подложна и на услов за реципроцитет за патувања на граѓани на ЕУ на нејзина територија.

Станува збор за земјите кои беа на листата на Советот на ЕУ која се применуваше од 1 јули со исклучок на Србија и Црна Гора кои се отстранети поради влошување на епидемиолошката ситуација.

Третите земју, на чии граѓани им е дозволено патување во ЕУ, мора да имаат број на нови случаи на Ковид-19 во текот на последните 14 дена на 100.000 жители „блиску или под просекот“ на ЕУ, да имаат стабилен или опаѓачки тренд на нови случаи во претходните 14 дена, а се зема предвид и вкупниот одговор на третите земји на коронавирусот вклучувајќи аспекти како тестирање, надзор, следење на контактите, задржување, лекување и известување, како и сигурноста на информациите.

Препораката на Советот на ЕУ не е правно обврзувачки инструмент и властите на земјите членки остануваат одговорни за спроведување на содржината на препораката.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер