Утрински Весник
Македонија

(Видео) Спасовски: Изборите беа кристално чисти, фер и демократски, ДИК да ги објави резултатите

(Видео) Спасовски: Изборите беа кристално чисти, фер и демократски, ДИК да ги објави резултатите
Dik 300x250 mk

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вчерашните предвремени парламентарни избори ги опиша како кристално чисти, фер и демократски.

„Изборот е направен, насоката е потврдена, Северна Македонија продолжува на правиот пат во сигурна и европска иднина“, рече Спасовски.

Тој истакна дека Државната изборна комисија е должна да излезе на прес-конференција и да ги соопшти резултатите.

„Упатувам благодарност до институциите вклучени во организацијата и спроведувањето на изборите. Посебно упатувам благодарност до Комисијата за заразни болести за успешно донесените избори за заштита на јавното здравје“, рече тој.

Според Спасовски, победник на вчерашните избори е секој гласач, а нашата земја докажала дека е заслужено членка на НАТО.

На новинарското прашање, дали СДСМ ќе коалицира со ДУИ, Спасовски одговори дека тоа е прашање што треба да биде упатено до партијата.

„Тоа е прашање на политички проценки и политички договарања. Сè што мора да се направи за доброто на граѓаните, треба да се направи, да докажеме дека интересот на граѓаните е во прв план“, рече Спасовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсени пет лица, меѓу нив и директор на државна агенција и земал 50.000 евра поткуп за ИПАРД договор

ОЈО бара притвор за сите уапсени во вчерашната акција во АФПЗРР

Уште четири лица се уапсени со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството