Британска подморница на нуклеарен погон се изложила на сериозен ризик од судир со патнички траект со стотици патници откако командниот офицер донел одлуки врз основа на неточни информации, пренесува РТ.
Во истрагата спроведена од Истражниот оддел за поморски несреќи (МАИБ) – чии резултати се објавени денеска- било утврдено дека двата брода се наоѓале на растојание од 50-100 метри еден од друг за време на инцидентот на 6.11.2018 година. Истрагата откри дека ова е трет случај во четири години нурната подморница на Кралската за малку да избегне судир со друг брод.
Траектот „Стена суперфаст V11“ пловел од Белфаст до Кернрајан во Шкотска кога бил принуден да преземе непосредни мерки и да го смени својот курс за да ги спаси 215 патници и 67 членови на екипажот откако го забележал перископот на подморницата на 23- метри пред себе.
Двегодишната истрага открила дека подморницата погрешно пресметала дека е оддалечена 1.000 метри кога траектот свртел. Иако всушност бил на четвртина од тоа растојание, доведувајќи ги во непосредна опасност и својот екипаж и тракетот со неговите патници и екипаж.
Во извештајот се вели дека тимот во контролнта соба на подморницата погрешно ја проценила оддалеченоста од траектот и неговата брзина. Во продолжение се вели дека команднио офицер и неговиот помоник донеле безбедносно критични решенија кои можеби се чинеле рационални во тоа време, но всушност биле засновани на неточни информации.
Подморницата, чија база е во Фаслан во Шкотска, е дел од британската флота на нуклеарен погон иако не е откриено дали станува збор за една од леторите подморници што носат нуклеарни ракети.