Утрински Весник
Свет

Кинеската компанија „Синофарм“ ја почна третата фаза од тестирањето на вакцина против Ковид-19

Кинеската компанија „Синофарм“ ја почна третата фаза од тестирањето на вакцина против Ковид-19

Кинеската фармацевтска компанија „Синофарм“ почна да ја спроведува третата фаза од тестирањето на вакцина против Ковид-19 врз  15.000 доброволци во Абу Даби, потврдија властите во главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

Тестирањето врз луѓе се спроведува во соработка со Националната кинеска биотехнолошка група (ЦНБГ) која е дел од „Синофарм“, компанијата „Г24“ од Абу Даби и Канцеларијата за здравство во градот.

Ова е прва студија во светот во која се тестира неактивна вакцина во третата фаза, објасни Ашис Коши, директор во Г24 задолжен за здравствениот сектор.

Неактивната вакцина се состои од култивирани вирусни честички, бактерии или други патогени кои ја губат способноста да предизвикаат болест. Од друга страна, постојат и вакцини со живи, но ослабени патогени.

Неактивната вакцина се користи за лекување на болести како што се грип и сипаници.

Досега не е одобрена ниедна вакцина против Ковид-19 за комерцијална употреба, а според Светската здравствена организација (СЗО), во моментот се тестираат 23 потенцијални вакцини врз луѓето. Три веќе влегоа во третата фаза во која се проверува ефективноста.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари