Утрински Весник
Македонија

СДСМ: На Мицкоски му се смее цела јавност, вели дека победил со 2-3 пратеника во минус

СДСМ: На Мицкоски му се смее цела јавност, вели дека победил со 2-3 пратеника во минус

Христијан Мицкоски е поразен политичар кој го потценува народот, Македонците, Албанците и другите, велат од СДСМ.

„Изгубен е во сопствените заблуди, па заборавил и да бори. После 16 часа од поразот, излезе да каже дека победил со два до три пратеници во минус, за да му се смее цела јавност“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се додава дека политичар што смета дека албанскиот глас вреди помалку од гласот на другите може да оди најмногу во опозиција, а, како што се вели, најдобро е да оди надвор од политиката.

„Вчера на фер, слободни, демократски избори народот јасно му го покажа патот. Што понастрана од власта. Наместо да се плетка во сопствените небулози, нека си мисли како ќе си го решава проблемот што му се отвора на столчето во белата палата“, стои во партиската реакција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Алиу: Странската комисија утврди сомнителни наоди кај девет случаи на кардиохируршки интервенции

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

Убиство во Битола, маж со нож ја нападнал сопругата, починала на лице место