„Гугл“ претстави дигитален преведувач на хиероглифско писмо, наречен „Фабрициус“, кој користи машинско учење за да ги декодира древните египетски знаци.
Оваа функција е додадена во постоечката апликација на „Гугл“, Уметност и култура. Исто така, им овозможува на корисниците да преведат свој збор и емотикони што можат да се споделат на социјалните медиуми.
„Гугл“ наведува дека „Фабрициус“ е првата таква алатка што се надградува со примена на машинско учење за да може да ги разбере хиероглифите.
Во теорија, платформата треба да се подобрува со текот на времето, како што луѓето ја користат.
Верзија на „Фабрициус“ им се нуди и на професионалните египтолози, антрополози и историчари за да ја искористат во нивните истражувања.
Еден експерт ја поздрави иницијативата, но рече дека големата најава треба да гледа во одреден контекст.
„Иако е импресивен, системот сè уште не е на ниво што може да ја замени потребата од високо обучени експерти за читање на антички натписи“, рече доктор Роланд Енмарх, професор по египтологија на Универзитетот во Ливерпул.
„Остануваат некои големи пречки за читање на хиероглифи, бидејќи тие се рачно изработени и многу се разликуваат со текот на времето. Сепак, ова е чекор во правилна насока“, додаде тој.