Утрински Весник
Свет

Трамп го смени шефот на неговиот изборен штаб

Трамп го смени шефот на неговиот изборен штаб

Претседателот на САД, Доналд Трамп го смени шефот на неговиот изборен штаб, Бред Парскејл.

Парскејл е хировит и контроверзен експерт кој го водел изборниот тим во последните две години, пишува лондонски „Гардијан“.

На позицијата менаџер на кампањата Парскејл ќе биде заменет со Бил Сипиен, неговиот поранешен соработник и заменик, објави Трамп на својот профил на „Твитер“.

Парскејл се најде на удар од критичарите во најблискиот круг на Трамп затоа што ја пропушти можноста успешно да организира масовно собирање на стотици илјади приврзаници во Тулса.

Ќерката на претседателот, Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер остро го критикуваа затоа што на митингот се појавија само 6.000 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница