Утрински Весник
Свет

Вакцината на Оксфорд е една од водечките во трката за заштита од коронавирусот

Вакцината на Оксфорд е една од водечките во трката за заштита од коронавирусот

Вакцината, која се развива на универзитетот Оксфорд, е една од водечките кандидати во глобалната трка за заштита од коронавирус, пренесува Си-Ен-Ен.

Истражувачите од Оксфорд веруваат дека направиле важен исчекор во развојот на вакцина против коронавирус.

Според извештаите, испитувањата врз луѓе покажале ветувачки резултати откако тимот открил дека вакцината може да обезбеди „двојна заштита“ од вирусот.

„Примероците на крв земени од волонтерите во првата фаза на испитувањето покажаа дека вакцината го стимулира организмот да создава антитела и Т-клетки“, објави „Дејли телеграф“.

Т-клетките играат централна улога во имунолошкиот одговор на организмот.

Вакцината на Оксфорд е една од повеќе од 100 кои се развиваат во светот.

Дејвид Карпентер, претседател на Одборот за етика на истражувањето во Беркшир, кој го одобри развојот на вакцина во Оксфорд, рече дека тимот за вакцини е „апсолутно на добар пат“, пренесува „Скај њуз“

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години